Само ден откако новата грчка влада на премиерот Алексис Ципрас положи заклетва, веќе е поднесена и првата оставка.Заменик-министерот за инфраструктура, транспорт и комуникации на Грција Димитрис Каменос се повлекува, откако беше обвинет за расизам и антисемитизам.
Тој е член на “Независни Грци”, коалиционen партнер во кабинетот на победникот во спроведените во неделата избори СИРИЗА.Негови навредливи коментари објавени во 2014 и 2015 година во профили на социјалните мрежи, станаа повод за критики кон него и го принудија на повлекување.
Профилите во моментов се блокирани, додека тече истрага на полицијата.
Според зборовите на Каменос, неколку луѓе од неговиот тим имале пристап до неговите спрофили и имале право да објавуваат пораки од негово име, демек не бил тој.
Тежок почеток без големо мнозинствоза на новиот кабинет на стариот-нов премиер Ципрас, кој победи на изборите, откако претходно поднесе оставка, коментираат новинските агенции.
Претстои и уште многу работа за исполнување на непопуларните мерки на третата спасувачка програма, а со тоа и големи незивесности за Ципрас.