Прва победа и бодови за Валенсија сезонава во Примера

од Vladimir Zorba

 

Екипата на Валенсија синоќа во рамките на последниот натпревар од 5. коло постигна победа од 2:1 над Алавес и со тоа ги освои првите три бодови сезонава.lalana

Победничкиот гол во 88.минута го постигна Даниел Парехо од пенал. На другите два дуела одиграни синоќа победија гостите Еспањол и Леганес со идентичен резултат 1:2.

Резултати на натпреварите од 5.коло: Валенсија – Алавес 2:1, Осасуна – Еспањол 1:2, Депортиво – Леганес 1:2, Барселона – Атлетико Мадрид 1:1, Гранада – Атлетик Билбао 1:2, Реал Сосиедад – Лас Палмас 4:1, Селта – Хихон 2:1, Реал Мадрид – Виљареал 1:1, Севиља – Бетис 1:0 и Малага – Еибар 2:1.

Вечерва се игра првиот натпревар од 6. коло меѓу Бетис и Малага.

Табела: Реал Мадрид 13 бодови, Севиља 11, Барселона 10, Атлетико Мадрид 9, Лас Палмас 9, Виљареал 9, Атлетик Билбао 9/МИА

Слични содржини