Прва победа за Бостон во конференциското финале со Кливленд

од Vladimir Zorba

Кошаркарите на Бостон ја забележаа првата победа во финалната серија од Источната конференција со НБА шампионот Кливленд.

„Селтикси“ ноќеска на гостувањето славеа тримуф со 111-108 со што го намалија водството на противникот на 2-1 во победи во серијата подобар до четири.

Маркус Смарт со 27 и Ејери Бредли со 20 поени беа најзаслужните за оваа победа на Бостон.

Лоша вечер во редовите на домаќините имаше Леброн Џејмс кој постигна „само“ 11 поени, па 29. на Кајри Ирвинг и 28. на Кевин Лав не му помогнаа на Кливленд да го избегне првиот пораз сезонава во разигрувањето.

И следниот четврти меч ќе се игра во Кливленд, додека вечер во 3 часот по полноќ Голден Стејт во дуелот против Сан Антониот на гостински терен ќе ја има првата „меч топка“ за пласман во големото финале.

Слични содржини