Прва победа за Металург сезонава во СЕХА лигата

од Vladimir Zorba

 

Ракометарите на Македонскиот вице првак Металург во четвртиот натпревар сезонава од СЕХА лигата ја постигнаа првата победа. Синоќа на домашен терен го победија Татран Прешов со 27:21. Со исклучок на почетното водство од 1:0, гостите од Словачка беа во негатива до крајот на мечот.талески

Металург на полувреме водеше со 14:9, а по само 10 минути игра во вториот дел водеше со највисоки осум голови разлика (20:12). Но, гостите сериозно се заканија и во 47.минута Металург имаше сам о три голови разлика 21:18. Сепак тоа беше се од противникот и Металург предводен од Филип Талески , кој беше најефикасен со 7 голови и голманот Дарко Арсиќ, кој имаше 12 одбрани стигна до првиот триумф сезонава во СЕХА лигата.

На другите натпревари одиграни вчера: Мешков Брест – Веспрем 16:19 и Нексе – Извиѓал 39:29.

Табела: Вардар 13 бодови (5 натпревари), Веспрем 9 (4), Цеље 9(5), Мешков Брест 7 (4), ППД Загреб 3 (2), Горење 3 (2), Металург 3 (4), Нексе 3 (4), Татран Прешов 3 (3), Извиѓач 0 (3)

Слични содржини