Прва жртва во тешката сообраќајка кај Велес

од Vladimir Zorba

  Почина еден од 27 те повредени патници  во превртениот автобус кај Велес

Во врска со хоспитализираните лица во сообраќајката на патот Скопје- Велес информираме:

  1. На Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски се примени шест лица од кои само еден повозрасен маж е на интензивна нега, но е во стабилна состојба. Сите други пациенти се надвор од животна опасност.
    2. Во Општа болница Велес се примени четири пациенти и сите се надвор од животна опасност.
    3. Во клиничкиот центар Мајка Тереза донесени се вкупно 17 пациенти од кои четири на КАРИЛ- еден пациент е внесен со абдоминално крварење, еден со торакална сериозна повреда и двајца со торакални повреди.
    За жал, еден од повредените им подлегна на повредите.
    – Еден пациент на Детска хирургија, внесен итно на операција;
    – Двајца пациенти на Неврохирургија, примени на обсервација;
    – Седум на ортопедија, примена на обсервација;
    – Тројца повредени се во моментов на обсервација во Ургентниот хируршки центар.
    4. Во Градската болница „8 Септември“ примен е само еден пациент со сериозни повреди, меѓутоа е во стабилна состојба и надвор од животна опасност.

ОБНОВЕНА Најмалку 20 повредени во сообраќајката кај Велес- Фото

Министерството за здравство упатува сочувство до семејството на починатото лице и им посакува брзо опоравување на повредените.

Слични содржини