Интернет ресурсот КрекБери ја претстави првата информација за новиот паметен телефон БлекБери Лип, кој се очекува да биде претставен на СМК 2015. Овој уред беше познат и под името БлекБери Рио, а сега се претставени неговите спецификации и изглед. blackberry_passport_frontlean-100451434-primary.idge
Технички карактеристики:
Екран: 5 инчи, со резолуција 1280х720 пиксели
Чипсет: Снапдрагон Ес4 (МСМ 8960)
Процесор: 2-јадрен Краит, со такт 1,5 ГХз
Графички акцелератор: Адрено 225 со работна фреквенција од 400 Мхз
РАМ меморија: 2 ГБ
Складирање: 16 ГБ флеш диск
Надворешна меморија: слот за микроЕсДе картички
Мобилни врски: ЛTE + опција 4Г Хотспот
Безжични врски: ви-фи 802.11 б / г / н, Блутут 4.0, ДЛНА, Миракаст
Дебелина на куќиштето 9,5 милиметри
Пазарните аналитичари сметаат дека смартфонот ќе чини помалку од 300 долари.

Слични содржини