Први критики од EУ до новата Влада на Заев

од Vladimir Zorba

Европската Комисија преку нашата амбасада во Брисел побара од новата влада реализација на итните реформи од планот 3 – 6 – 9. Во документот до кој дојде Алсат М, в.д. Амбасадорот во Брисел, Влатко Станковски пишува дека Комисијата е со став дека владата на Зоран Заев, премногу внимание троши на односи со јавноста, наместо со реформите. Очекуваат резултати од реформите до средината на јануари 2018 – та. Европската Комисија ја предупреди Владата дека негативно ќе влијае врз земјава ако се направат измени во законите кои се однесуваат на медиумите, сфера која не е приоритетна за ЕУ.

Не тврдат дека е точно, но наслушнале дека се подготвуваат законски измени кои ќе ги променат критериумите за назначување директор на Агенцијата за медиуми што би довело до негово разрешување. Имаат критичен став во овој момент да се приоретизираат закони со сферата на медиумите“ – стои во писмото до кое дојде АЛСАТ М

Европската Комисија бара и конкретни резултати околу реформирањето на тајната полиција. Од амбасадата во Брисел, Европската Комисја побарала рокови, што може да се направи до крајот на годинава, а што до јануари 2018 – та. Во документот е нотирано дека комисијата не може да разбере зошто се оддолговлекува Собранието да има зајакната контрола над УБК.

Инсистираат во процесот да се обезбеди консултација со опозицијата, околу посеопфатна реформа на разузнавачкиот сектор. Порачуваат да не се користи ЕК како арбитер, дали евентуална нова стратегија е добра и за оваа задача најдобро е да се избере земја стратешки партнер. Не сакаат да се стават во позиција под слово на стратегијата кои тие би ја одобриле, да се покријат чекори кои ќе значат расчистување со кадри во УБК“ – се вели во писмото 

Во делот на правосудството, Комисијата забележала придвижување кон подобро. Сепак, во документот стои дека составот на Судскиот совет ќе биде комплексно за решавање. Бараат реформите во ова тело да се врз база на препораките на Прибе, што е тешко изводливо до крајот на годинава. Сметаат дека за промени во Судскиот совет ќе бидат потребни уставни измени. Препораката е да се направи ревизија на работата на Советот, па да се преземат други чекори. Меѓу другото, во документот пишува и дека активно ќе се лобира да се исполни барањето на премиерот Зоран Заев, во декември да се сретне со Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

извор: Алсат

Слични содржини