Австрија зајакнува граничната контрола, Велика Британија почнува истрага, САД ќе помагаат со што можат

минх

Австрија ја зајакна  контролата на границата со Германија по пукањето во Минхен. Властите на Австрија  ја засилија контролата на границата со Германија по пукањето во Михнен. Ова го изјави претставникот на австриското Министерство за внатрешни работи, Карл-Хајнц Грундбок.

Германскиот претседател Јоахим Гаук вечерва изјави дека е „шокиран“ поради „смртоносниот напад“ во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, при кој според последните информации загинаа девет лица.

– Сочуствувам со жртвите и оние кои тагуваат или стравуваат поради своите сакани, соопшти Гаук, апелиерајќи до граѓаните да искажат „солидарност“ со безбедносните сили, кои се обидуваат да „ги заштитат луѓето и да спасуваат животи“.

Американскиот претседател Барак Обама изрази жалење поради жртвите во нападот и вети поддршка за Германија.

– Ќе обезбедиме секаква поддршка која ќе биде потребна, изјави Обама. – Се уште не знаеме што точно се случува, но нашите срца се со оние кои настрадаа, нагласи Обама.

Францускиот претседател Франсоа Олчанд упати порака до германската канцеларка Ангела Меркел, во која ја изрази подршката на Франција за Германија по нападот во Минхен.

Сочуство за жртвите во Минхен до Меркел изрази и италијанскиот премиер Матео Ренци. – Цела Италија е во мислите со граѓаните на Минхен и изразува далбоко сочуство до блиските на жртвите, порача Ренци.

Шефот на британската диплкоматија Борис Џонсон изјави дека е длабоко шокиран поради случувањата во Минхен. – Далбоко сум шокиран и потресен поради нападот во Минхен. Моите мисли се со жртвите и нивните блиски во цела Греманија, објави Џонсопсн на Твитер.

Демократскиот кандидат за американски преетседател Хилари Клинтон изјави дека е шокирана од случувњата во Минхен. – Ги поддржуваме нашите пријатели во Германија, порача Клинтон.

Премиерот на Белгија Шарл Мишел категорично го осуди нападот во трговскиот центар во Минхен и го дефинира како кукавички и одвратен напад . “Длабоко сум потресен. Го осудувам на категорички начин тој кукавички и одвратно напад “, напиша тој на Твитер.Претходно министерот за надворешни работи на Белгија Дидие Рејндерс  им препорача на белгиските државјани, кои се во  во Минхен, да не излегуваат надвор и да избегнуваат јавни места.

минхенВоздухопловни власти на САД засега нема да ги укинат граѓанските летови до Минхен. “Следните ситуации, но во моментот не преземаме никакви мерки”, рекоа од Федералното воздухопловна менаџмент на САД.

Руското Министерство за надворешни работи се наоѓа во постојан контакт со Германија по пукањето во Минхен. Ова го соопшти портпаролот на руското надворешно-политички оддел Марија Захарова. “Навистина, во моментов таму се случуваат одредени настани, како ние разбравме одредена операција, но подетални информации сеуште нема.Одржуваме постојан контакт, германските колеги не  уверија дека, прво, тие ќе ни информираат за сè што се случува, второ, тие презедоа акција   во Минхен  и не знаеме за Руси, кои може да се повредени. Тие ќе ја информираат руската страна “, рече Захарова

Шпанските политичари изразија својата поддршка за Германија во врска со нападот во Минхен. “Загрижен сум и  го следиме  развојот на нападите во Минхен. Германскиот народ може да смета на нашата целосна поддршка и симпатии “, напиша и. Д. Премиер на Шпанија Маријано области на Твитер. “Со загриженост следам вестите кои доаѓаат од Минхен за престрелката со човечки жртви во трговскиот центар”, напиша претседателот на Шпанската социјалистичка работничка партија Педро Санчез на Твитер.

 

 

Слични содржини