Први реакции: Груевски го доби мандатот, но албанските партии одбиваат коалиција со него

од Vladimir Zorba

На 10 дена по конститутивната седница на новиот состав на Собранието, Ѓорге Иванов го даде мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој сега има 20 дена да направи коалиција со албанските партии со цел да добие повеќе од 61 пратеник.

За да може да добие мнозинство во Собранието и да формира влада, Груевски треба да ги прифати условите кои ги поставија на платформата ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците. Сепак, албанските партии велат дека нема да прифатат формирање на влада со Груевски, бидејќи тој е осомничен од Специјалното јавно обвинителство за криминал.

– Алијансата за Албанците нема да учествува во составувањето на новата влада ако мандатор е Никола Груевски, осомничено лице од СЈО, вели Зулфи Адили од Унитети, партија која е дел од Алијансата за Албанците во изјава за „Фокус“ по веста дека Иванов денеска ќе му го додели мандатот на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

Адили тврди дека во Унитети нема промена на ставот поткрепен и во Платформата што ја поддржаа партиите на Албанците, која е основа во преговорите за формирање на новата влада./а1он

Слични содржини