Први реакции по објавувањето на независноста на Каталонија: ЕК нема нов коментар – „барам мир од страна на сите Шпанци. Ќе го вратиме легитимитетот во Каталонија„ рече Рахој

од desk4

 

Европската комисија рече дека нема нов коментар за прашањето за Каталонија откако регионалниот парламент на автономниот регион прогласи независност, објави Ројтерс.

Немаме што да додадеме на она што го рековме на редовниот брифинг за новинарите, рече портпаролката на комисијата Мина Андреева.

Во исто време, шпанскиот премиер Маријано Рахој побара мир, додека каталонскиот парламент прогласи независност од Шпанија, објави Ројтерс.

Јас барам мир од страна на сите Шпанци. Владеењето на правото ќе го врати легитимитетот во Каталонија , рече Рахој за Твитер.

Шпанскиот Сенат ја одобри примената на член 155 од Уставот во Каталонија, пишува Ел Паис.

Овој потег ќе му даде на Мадрид директна власт над автономниот регион, а до шест месеци ќе треба да одржат нови избори во Каталонија. Сенатот гласаше со 214 гласови за и 47 против за активирање на член 155 од Уставот.

Слични содржини