Повеќе од еден тон отпад е собран во рускиот град Томск за време на првиот во земјата шампионат во спортско собирање на ѓубре.4866933

За време на едночасовната трка во еден од парковите на градот беа собрани вкупно 1116 килограми отпад, 200 килограми од кои – полимери. Тие се штетни за животната средина, бидејќи се распаѓаат многу подолго. Паралелно се собираа и индустриски отпад – гума и метал. Главниот судија на шампионатот, основач на јапонското движење и претседател на националната федерацијата по спортско собирање на отпад – Кеничи Мамицука, создаде и посебна дисциплина за собирање на догорчиња од цигари.

За секој килограм сортирање отпад учесниците добиваат 5 поени, а за килограм несортиран – три. Во Јапонија слични турнири се одржуваат од 2008 година и нивниот број е веќе близу 500. Според јапонскиот иницијатор на спортското собирање Мамицука такви иницијативи не само што помагаат за одржување на чистотата, но имаат и силен едукативен ефект. Јапонско истражување покажува дека учесници во спортското собирање на ѓубре се палат толку од настанот дека последователно бараат начини да се вклучат и во други волонтерски иницијативи.

Слични содржини