Првиот воз што ги поврзува директно Британија и Кина пристигна на крајната точка

од Vladimir Zorba

Првиот товарен воз што ја поврзува Велика Британија директно со Кина, пристигна во источниот кинески град Иу по 12 000 км. пат. Тоа го претвора во вториот најдолг пат во светот по железничка пруга линијата Кина-Мадрид, отворена во 2014 година.

Возот, натоварен со виски, бебешко млеко, лекови и друго тргна од Лондон на 10 април и мина низ Франција, Белгија, Германија, Полска, Белорусија, Русија и Казахстан пред да ја достигне целната линија, имено – градот Иу кој се наоѓа во провинцијата Џадзан.

Патувањето е дел од последните обиди на Кина да ги зајакне трговските врски со Западна Европа и се очекува испораките со возот да настануваат за 30 дена побрзо отколку со кој и да било брод.

Слични содржини