Првите 100 дена на Трамп: Човек со речник од 77 зборови и кривини oд 180 степени

од Vladimir Zorba

Oд порази кон промени на позиции – Доналд Трамп поминува низ тешки искушенија како треба да се управува. Макар и да покажува способност да еволуира, тој не успеа вистински да воспостави еден “нов” Трамп со постојана доктрина и претседателски стил.

Со наближувањето на симболичната фаза од првите 100 дена од неговото владеење, кои се навршуваат во сабота, билансот за човек кој им ветуваше на Американците “заработат, заработат, заработи”, е жесток.

На овој стадиум од својот мандат тој е најнепопуларен претседател во современата историја на САД, иако тврдите приврзаници засега да му остануваат верни.

70-годишниот бизнисмен, чиј избор предизвика ударен бран во целиот свет, продолжува да се брани импулсивно, инстинктивно и со непредвидливи пристап.

Поранешниот антисистемски кандидат кој ветуваше дека ќе го потресе Вашингтон, сепак признава исто, со мешавина од наивност и шмеке дека сфатил нешто очигледно: тој зазема исклучително тежка позиција.

Само за неколку недели тој доби звунчи шлаканици од судот за упатства за визите за мигранти и од Конгресот за реформата на здравственото осигурување. “Никој не знаеше дека здравствениот систем е толку сложен”, вели тој насреде реформаата на “Обамекър”, големиот закон на својот претходник демократ.

“Откако ги слушав во текот на десет минути, сфатив дека не е толку лесно”, вели тој по средбата со кинескиот претседател Си Џинпин по повод трнливиот севернокорејски проблем.

Барањата и ограничувањата на Овалниот кабинет, каде секој збор е од значење, силно се разликуваат од оние на предизборната Естрада.

Кого да слушаш? Кон кого да се обратиш? Каков баланс на сили да воспостави воо Конгресот, иако во случајот тој се контролира од сопствениот камп? каков простор на дејствување му е доделен во двата мастодонта – Пентагон и Стејт департментот? Сите негови претходници му велеа: сместувањето на “авенијата Пенсилванија” број 1600 делува како шок.

“Има нешто многу посебно во работата на претседателот, од кое никој не успева да избега: имате некаков светоглед со пристигнувањето, а потоа притисокот врз овој запис, светските реалности силно се разликуваат од она што сте мислеле”, сумираше пред неколку дена Џорџ Буш помладиот.
Од Сирија до Северна Кореја, каков е ризикот да бидат вовлечени САД во воен конфликт со непредвидлив исход против каков тој предупредуваше во предизборната кампања? Како би реагирал американскиот претседател на терористички напад на американска почва?

Каква форма и слоевитост треба да се има при голем број епизоди кои те потсетуваат на истото, спектакуларниот Доналд Трамп е необичен претседател во историјата на Америка.

На пример во застрашувачки интервјуто што тој го даде за списанието. “Тајм” кон крајот на март и во кое тој ги брани едно по едно сите спорни, чудни или директно лажни тврдења: “Што да ви кажам? Имам тренд да излегувам во право.”

Повеќе од три месеци по стапувањето на должноста редица негови критичари сметаат дека верен портретот му направи Филип Рот, кој на крајот на јануари во “Њујоркер” – за претседател, напиша “кој е неук за прашањата на управувањето, историјата, науката , филозофијата, уметноста, неспособен да изрази или препознае финост или нијанса и уживање речник од 77 зборови “.

Множеството појаснувања и отстпувања исто покренуваат прашања за неговата програма, која по линија и дефиницијата на “Трампизам” е доктрина со нејасни контури околу слоган кој е потежок за спроведување отколку што изгледа: “Америка на прво место”.

Примената на дело е деликатно, уште повеќе што се соочува со идеолошки борби во срцето на самата Белиот дом. Меѓу советниците, вклучувајќи силно конзервативниот Стивен Банон кои постојано се плаши да не западне во немилост, една група прави исклучок: неговото семејство е на чело со неговата ќерка Иванка.

Назначувањето на 49-годишниот конзервативен судија Нил Горсач во Врховниот суд несомнено ќе е најголемиот успех во првите 100 дена на 45-тиот претседател на САД.

Трамп сфаќа дека неговото владеење започнува мачно и со лути твитови во кои претходно гокритикуваше оваа “смешен датум”, иако неговиот тим да уверува дека тој “многу се гордее” со првите 100 дена како претседател. Доналд Трамп, кој редовно споменува хипотезата за втор мандат, има уште над 1300 дена пред себе до крајот на првиот.

Слични содржини