Првите обвиненија пред Специјалниот суд за злосторства на ОВК се очекуваат до крајот на оваа или почетокот на следната година, пишува денеска приштинскиот весник „Зери“.

259719_kosovo-masakri-srbi03-tanjug-sava-radovanovic_ff

Како што се наведува Специјалниот суд за воени злосторства во текот на летово ќе вработува персонал и до крајот на годинава или почетокот на следнава ќе бидат покренати првите обвиненија против поранешни борци на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Претставници на Канцеларијата на ЕУ на Косово истакнаа дека се преземени сите логистички и административни чекори со цел Специјалните совети на судот да станат оперативни./МИА

Слични содржини