Првите зборови на Ердоган откако се онесвести во џамија

од desk3

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја даде  својата прва изјава откако утринава се онесвести за време на молитвата во џамијата Мимар Синан во истанбулскиот реон “Аташехир”, јави новинската агенција Догу абер ажанс (ДХА). Новинарите и насобраните граѓани во дворот на џамијата Ердоган им рекол  дека се почувствувал лошо, поради нивото на шеќерот во крвта, но брзо се созел и во моментов е добра форма.

Турскиот претседател излегол утринава во 05.15 часот од неговата резиденција  во Истанбул, за да отиде на првата свечена молитва по повод Рамазан Бајрами. За време на слушањето на проповедите Ердоган почувствувал слабост и се онесвестил. Веднаш бил опколен од стражарите, а медицинскиот тим на неговото претседателствување му дал прва помош. Во меѓувреме имамот на џамијата пред верниците обелоденил дека здравствената состојба на Ердоган е добра. Тој бил однесен на носилка во специјалниот ВИП салон во подземниот спрат на џамијата каде дошол при себе и се  одморил. Надвор веднаш пристигнала  брза помош. Пренесен е во блиската болница каде  биле подготвени  да го прифатат за лекување, посочува ДХА.

Слични содржини