Прволигашка кошарка нема да има викендов

од Vladimir Zorba

Прволигашка кошарка нема да се игра ниту овој викенд, а новата сезона најверојатно ќе стартува следниот викенд. На денешниот состанок на Здружението на прволигашите се дискутираше по новонастанатата ситуација.

74b2105a-f246-4489-a6a8-123cb232494b-tre-154

Присутните членови на девет прволигаши беа едногласни дека натпреварите треба да почнат што е можно побрзо, а беше прифатен предлогот на претставникот на КК Куманово. Овој предлог ќе биде доставен до федерацијата, тоа значи: првото коло да се одржи следниот викенд (19 и 20 ноември), а парите за лиценци да бидат платени по одржувањето на Вонредното Собрание, според висина утврдена од актуелното или од новото раководство.

Прологнирањето на натпреварите за следниот викенд е од причина што дуелите треба да се пријават во МВР најмалку 48 часа пред одигувањето, а поради обврските кон БИБЛ лигата дуелите неможе да се играат во вторник и среда.

Секако проблем останува висината на таксите што треба прволигашите да ги платат до федерацијата (зголемената такса за лиценци за странци и котизацијата). На состанокот на Здружението на прволигашите присутни беа: МЗТ Скопје, Работнички, Карпош соколи, Фени индустри, Вардар, Куманово, Охрид, Струмица и Кожув, а свој претставник не испрати единствено Пелистер

Слични содржини