„Не бидете опуштени, може да бидете отпуштени“ е мотото под кое членовите на Самостојниот синдикат на управата и правосудството УПОЗ , заедно со новинарскиот синдикат ССНМ, СКРМ, КСОМ, МЕСО, Дипломатскиот, Ленка , Солидарност  и други  граѓанските здруженија потписници на Повелбата за солидарност, ќе го изразат своето незадоволство од новите закони за јавна администрација  и работничките права , на интернационалниот првомајски протест.

први мај

УПОЗ денеска со пресс на кој го изразија својот став , за што сметаат,   дека законот за јавната администрација и другите закони кои ја уредуваат областа во која дејствува синдикатот се лоши законски решенија и крајно неповолни за работниците.

Итно да се повлечат законите за администрација и судски службеници, бидејки се лоши, нецелосни, неуставни и се на штета на вработените. Ова денеска го побара синдикатот на УПОЗ. Најспорно според нив е оценувањето на вработените, бидејќи секој месец ќе има кратење на плати, а со само една добиена негативна оценка и отказ од работа.

 Иако беа најавени како европски и реформски, овие закони се далеку од тоа. Донесени се да ги држат работниците во покорна состојба под париски притисок и со можност за реваншизам, што се гледа од одредбите, каде што при оценувањето на работењето на службениците најголем процент на оценката (65 отсто) ја дава раководителот на работникот, а другиот процент четворица негови потчинети, што во основа се истомисленици. Нема ниту дисциплинска постапка, а работникот многу лесно добива отказ – и ако има само една неповолна оценка – вели претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски.

Според него, лошите решенија, работниците ќе ги почувствуваат веќе в декември, кога ќе треба да се спроведе и првото оценување на нивната работа.

Тоа, вели тој, треба да биде и причината членовите на УПОЗ, работниците во јавниот сектор да се охрабрат без да мислат на притисоците и политичката определба и  да покажат несогласување со овие закони. Таква прилика им се дава и на 1 Мај, кој е ден за изразување на работничкото незадоволство, кога заедно со синдикалците од Повелбата а не со ССМ на Живко Митревски,  ќе протестираат за работничките права.

НИе ќе протестираме а тие нека си маршираат заедно со власта порачаа синдилаците на УПОЗ и на Повелбата!

.

Слични содржини