Првото поскапување на овошјето, зеленчукот и сточната храна во наредните денови

од Vladimir Zorba

Бизнис светот денеска

 

Берлин – Силната потрошувачка на домаќинствата, растот на државната потрошувачка и поголемите корпоративни инвестиции ја консолидираа улогата на Германија како мотор на стопанскиот развој на еврозоната. Сезонски и календарски прилагодениот БДП на Германија порасна за 0,6 отсто во вториот квартал, соопшти Федералниот завод за статистика Дестатис. Тоа е 12-ти квартал по ред на раст на германското стопанство.

Подгорица – Тунелите Клопот и Јабучки крш ќе бидат целосно пробиени до средина на следниот месец и тоа ќе бидат први пробиени тунели на приоритетната делница од автопатот Бар-Бољаре. Тоа го наведоа претставниците на кинеската компанија CRBC, која е главен изведувач на работите на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на Црна Гора.

Брисел – Новите прописи на ЕУ за правосмукалките кои треба да ја зголемат енергетската ефикасност и да ја намалат емисијата на јаглен-диоксидот, ќе почнат да се применуваат следниот месец. Максималното ниво на галама на новите правосмукалки е намалено на 80 децибели, што е многу помалку од многу правосмукалки кои се користат денес. Некои емитуваат ниво на галама над 95 децибели, а 85 децибели се смета за „активно ниво” при кое се препорачува заштита на ушите.

Загреб – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека изградбата на Пељешкиот мост продолжува, наведувајќи дека до 2020 или 2021 година треба да биде реализиран. Пленковиќ за новинарите во Јелса на Хвар рече дека се работи за стратешки проект за Хрватска и најголем поединечен проект кој се финансира со средства до ЕУ.

Прага – Наднационалните компании без оглед на големата огорченост кај потрошувачите во посткомунистичките членки на ЕУ, одбиваат да се откажат од праксата на двојни аршини. Како што на Чешкото радио објасни данскиот производител на месни конзерви Тулип, пакувањата се исти за сите пазари, но се работи за различни производи.

Бања Лука – Првото поскапување на овошјето, зеленчукот и сточната храна, чии приноси сушата драстично ги намали, може да се очекува веќе следните денови. Тоа ќе покрене верижно покачување на цените на храната чиј врв се очекува на пролет. Земјоделците се едногласни, сонцето им испржи голем дел од родот во нивите и овоштарниците, а тие плодови кои успеале да се спасат, ќе мора да ги продадат по повисоки цени за барем делумно да ги намалат загубите.

Далиан – Кина изврши пробно возење на својата нова генерација маглев возови, кои се движат на пониски до средни брзини. Се очекува возовите кои користат технологија на магнетно левитирање и се движат без контакт со земјата или електрични извори, да излезат на пазарот идната година. Истражувањето и развојот на маглев возовите почна од пред осум години, а успешното пилот возење покажа дека Кина ја усовршила технологијата на новата генерација на магнетните системи. /МИА

Слични содржини