Психоделично сценарио за Турција

од Vladimir Zorba

Кошмарно сценарио започнува со владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), која поднесе предлог до парламентот за обновување на смртната казна. Ова може да биде направено од страна на премиерот Бинали Јилдирим по повеќекратни барања на претседателот Тајип Ердоган, или може да биде иницирано од самиот Ердоган, откако се приклучи на АКП, како што беше дозволено од референдумот од 16 април.

На крајот на краиштата Ердоган го покренува ова прашање уште од обидот за воен удар од 15 јули 2016 година, за кој се верува дека бил предводен од неговиот поранешен сојузник, кој живее во САД исламски проповедник Фетхуллах Гулен. Лидерот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели исто бара од владата да го преземе овој чекор со поддршката, а и дисидентите на МХП најверојатно ќе го поддржат. Мотивацијата на Бахчели за враќање на смртната казна во голема мера е  во тоа да се однесува на членовите на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).

Ердоган веќе започнал да врши притисок врз лидерот на Републиканската народна партија (ЦХП) Кемал Киличдароглу, кој неодамна изјави дека ќе го разгледа предлогот на владата, откако ќе биде поднесен во парламентот. Насочени кон проблемите на Курдите Народна демократска партија (НДП) најверојатно ќе се спротивстави на враќање на смртната казна. Ако ЦХП го поддржи курсот,  ризикува да отуѓи многу од своите поддржувачи, законот ќе биде усвоен од страна на парламентот. Дури и ако не биде усвоен од парламентот, Ердоган може да го стави на јавно гласање. Сличен референдум би го одбил вниманието од растечките економски проблеми на сметка на Ердоган па и годишното гласање за доверба од страна на народот. Крајниот резултат би имал сериозни последици.

Ако обновата на смртната пресуда биде одобрена од парламентот или од народот, тогаш  најверојатно Европската унија ќе  ги прекине сите политички врски со Турција. За Ердоган тоа ќе значи да погодите со еден истрел две птици: ЕУ, а не Турција, ќе биде оној кој ќе ги раскинува односите, што ќе значи дека Ердоган повеќе нема да се чувствува ограничен од европските правни и демократски стандарди.

Некои европски политичари веројатно ќе го поздравуваат таков развој на работите, мислејќи дека конечно избегале од Турците. Но нека се надеваме дека на крајот тие нема да го сторат пред да биде предоцна, гледајќи дека хаосот во Блискиот Исток доаѓа на нивните граници, наместо на границите на Турција. Инаку народот на Турција веќе ќе ја платил сметката со ерозија на демократските стандарди.

——

Мурат Јеткин, “Хуриет дејли њуз”.

Слични содржини