тепање

На 12.02.2016 година околу 21,00 часот, додека Љ.Т.(59) од Скопје која била заедно со нејзините двајца синови и оделе од Прилеп кон Скопје, со ПМВ„Мерцедес“ со холандска национална ознака, пред бензиска пумпа ги пресретнало ПМВ„Мерцедес“ со прилепски регистерски ознаки, кое се паркирало пред нив. Од возилото излегле едно непознато машко лице и едно непознато женско лице кое го спречувала да направи проблем.

Татко и двајца синови истепале штипјанец на улица

Откако истите го продолжиле патот, по кратко време ги престигнало комбе, управувано од непознато лице, кое ги удрило во задниот дел од возилото и од страната, а потоа се паркирало пред нив и од комбето излегле неколку непознати лица. Еден од синовите на Љ.Т. кој го управувал возилото веднаш го свртил истото кон Прилеп, но комбето ги пристигнало и повторно ги удрило од позади и ги исфрлило од патот, по што се превртеле. Во тој момент пристигнало и лицето кое го управувало ПМВ„Мерцедес“, извадило безбол палка и заедно со лицата од комбето кои исто така имале палки почнале да се приближуваат кон Љ.Т. Нејзините синовите избегале, а пријавителката останала сама кај возилото. Лицето кое го управувало ПМВ„Мерцедес“ ја удрило два пати во пределот на рамото и нозете, по што таа паднала во безсознание. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот. Од екипа на ИМП, Љ.Т. и нејзините двајца синови биле префрлени во МЦ-Прилеп за укажување на лекарска помош. На двете лица од ПМВ„Мерцедес“ им бил утврден идентитетот и по истите се трага, а се работи на утврдување на идентитетот и на останатите лица и нивно пронаоѓање. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини