ПСЖ нуди 68 милиони евра за Агуеро

од desk3

Раководството на “Пари Сен Жермен” направило понуда во вредност од 68 милиони евра за напаѓачот на “Манчестер Сити” Серхио Агуеро.

Аргентинецот го загуби првотимскиот статус кај “граѓаните” за сметка на младиот Габриел Жезус кој добива се повеќе шанси за докажување од Пеп Гвардиола. Агуеро пристигна во “Сити” во 2011 година, а минатата сезона во Премиер лигата одигра 32 натпревари, во кои постигна 20 гола.

Слични содржини