ПСЖ размислува за понуда за Герет Бејл

од desk3

Францускиот гигант одамна ја разгледува можноста да упати понуда за ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл. Од пред извесно време се зборуваше дека Велшанецот може да го напушти “Сантијаго Бенрнабеу”, а шпекулациите за привлекување на Килијан Мбапе, дополнително ги зајакнуваат овие информации.Вчера La Parisien соопшти дека за да биде привлечен напаѓачот на Монако во Реал, една од најголемите ѕвезди на “Белите”, Роналдо, Бензема или Бејл треба да заминат.

Шпанскиот весник AS направи анкета за кој треба да замине од Реал, и дури 42% изгласаа за Бејл да замине од клубот. Тој минатата сезона одигра само 22 натпревари во кои постигна 9 голови и запиша 5 асистенции.

 

Слични содржини