Птичјиот грип мутира: Откриен нов вирус на болеста во Германија!

од Vladimir Zorba

Нов вид птичји грип е откриен кај домашни животни во северната германска покраина Шлезвиг-Холштајн, соопшти Министерството за земјоделство.


“Ова откритие покажува колку динамичен е птичјиот грип”, истакна министерот за земјоделство на провинцијата Роберт Хабек. Новиот вирус е определен како H5N5. Според научниците од Институтот Фридрих-Лофлер кои го открика новиот вурусот, посочуваат дека активностите против новиот вирус треба да бидат исти како досегашниот H5N8, пренесе Ројтерс.
Вчера во Германија заврши уништувањето на 45.000 мисирки, при што претстои да бидат ликвидирани уште неколку илјади птици поради ширењето на птичји грип во земјата.

Масовната акција во источната провинција Бранденбург беше нареден по детекција на вирусот H5N8 на фарма во регионот Даме-Шпреевалд. Провинциските власти соопштија дека уште 3.000 мисирки беа уништени во северната провинција Шлезвиг-Холштајн.

Најопасниот вирус беше откриен кај стотици диви птици во Германија во последните недели, огништа беа утврдени и во одделни фарми, и покрај строгите хигиенски барања и одредбите во ризичните зони пердувести животни да се чуваат во затворен простор.

Ширењето на болеста во Германија сепак е помалку отколку во соседна Франција, каде околу 800.000 патки беа уништени во југозападните региони, познати по производство на паштети.

Италија, исто така соопшти за масовна појава на екстремно заразен вирус на птичјиот грип H5N8 во фарма за мисирки во северниот дел на земјата.

Од вкупно 20.500 птици, изложени на ризик од инфекција, 6.000 биле заразени, а 600 умреле од вирусот, се вели во извештајот на Светската организација на здравјето на животните, чија централа е во Париз.

Претходно овој месец Италија иинформира за птичји грип кај дива птица.

Различни видови на птичји грип минуваат низ Европа и Азија од крајот на минатата година, што доведе до масовно уништување на птици во некои земји, а во Кина починаа и луѓе.

Ова ја натера Светската здравствена организација да ги повика сите земји да ги следат внимателно појавите на смртоносниот птичји грип кај домашните и дивите птици и да пријават веднаш за сите случаи на инфицирање на луѓе.

Слични содржини