Пучдемон го одби предлогот на Мадрид да прима пензија од 112.000 евра

од desk4

Карлес Пучдемон одби да прима пензија од Мадрид, која законски му следува во износ од 112 илјади евра годишно, односно треба да ја добива како поранешен претседател на Каталонија. Ова го објавија светските медиуми.

Претходно, шпанскиот министер за финансии Кристобал Монторо му дал рок од 10 дена на поранешниот лидер на Каталонија да одлучи дали ќе поднесе барање за пензија.

Според каталонскиот закон, Пучдемон може да добие 80 отсто од неговата плата за четири години – околу 112 илјади евра годишно.

Според извори на агенцијата, Пучдемон одбил да аплицира за пензија, бидејќи сè уште себеси се смета за лидер на Каталонија. Во исто време, неговата сепаратистичка партија размислува за преговори со шпанската држава, одбивајќи еднострана пауза.

Ова денеска го изјави генералниот координатор на партијата, Марта Паскал, цитирана од светските медиуми.

Двостраноста е потребна, рече Паскал за радио Кадена Сер и така ги потврди информациите на шпанските медиуми, според кои двете главни партии кои бараат независност на Каталонија – Републиканската левица на Каталонија и Каталонската европска демократска партија на Пучдемон, размислуваат да се откажат од плановите за унилатерално одвојување.

Има некои работи што ни недостасуваат за независност, рече Паскал.

Една од нив, според неа, е потребата од мнозинството што ја поддржува независноста, кое треба да се зголеми.

Откако на 27 октомври каталонскиот парламент еднострано  гласаше за  прогласување независност на Каталонија, следуваше реакција на Мадрид, кој ја поништи автономијата и овој ентитет го стави под своја контрола и на тој начин оваа исклучителна криза ја врати Шпанија во времето на демократијата од 1978 година.

Половина од каталонската влада е во притвор за бунтот, но партиите кои бараат отцепување на областа, прифатија да учествуваат на предвремените регионални избори, нарачани од Мадрид и кои ќе се одржат на 21 декември. Пратениците од Републиканската левица на Каталонија, кои сметаат дека треба да се освои повеќе поддршка во Каталонија за каузата за независност, ја следат поцврстата линија од пратениците од партијата на Пучдемон.

Сега процесот на градење на Република започна. Ние сакаме тој процес да е предмет на преговори, изјави за Франс прес Роже Тората, портпарол на парламентарната група на Републиканската левица на Каталонија. Според него, изборите на 21 декември се близу до референдум.

Затоа ја повикуваме шпанската влада да ги прифати резултатите, рече тој. На последните регионални избори во септември 2015 година партиите кои ја поддржуваат идејата за независност на Каталонија, добија половина од местата во каталонскиот парламент (72 од 135), но изразено во проценти тие освоија само 47,8 проценти од гласовите на избирачите. Партиите кои не се изјаснија за независност, добија повеќе проценти – над 51.

Анкетите покажуваат дека општеството е поделено по прашањето за независноста и се појави информација дека резултатите од изборите на 21 декември се блиски до оние од 2015 година. Според сегашните анкети води Републиканската левица на Каталонија.

Слични содржини