Пучдемон: Ќе го примениме законот за референдум

од Vladimir Zorba

  Каталонија ќе го примени законот за референдум, кој повикува на прогласување независност доколку референдумот покаже дека мнозинството гласачи се за отцепување, изјави синоќа каталонскиот претседател Карлес Пучдемон.

– Прогласувањето независност, кое ние не го нарекуваме „еднострано“, е предвидено со законот за референдум како примена на резултатот. Ќе го примениме она што го налага законот, истакна Пучдемон.

Според каталонскиот закон, парламентот на автономната област би требало да прогласи независност на Каталонија во рок од 48 часа откако каталонските власти официјално ќе прогласат победа на гласовите во корист на отцепување.

Каталонската влада соопшти дека повеќе од 90 отсто гласачи на референдумот на 1 октомври се изјасниле за отцепување од Шпанија, додека шпанските власти го прогласија референдумот за незаконски, а излезноста изнесувала само 43 проценти.

Слични содржини