Пуџдемон: Каталонија треба да биде независна, но подготвени сме за преговори со Мадрид

од desk4

Каталонија го доби правото да биде независна држава со резултатите од последниот рефендум кои покажаа јасно „ДА“, изјави денеска каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон обраќајќи се пред каталонскиот парламент.

– Ова не е моја лична одлука, туку резултат на гласањето за самоопределување на кое што луѓето одговорија потврда, рече Пуџдемон.

Сепак тој повика на преговори за изнаоѓање на решение со Мадрид и побара од каталонскиот парламент да ги суспендира ефектите од референдумот за да може да започнат разговорите.

Пуџдемон го позрави референдумот и ги осуди акциите на шпанската полиција.

– Ние сме дел од иста заедница и мора да продолжиме заедно напред. Единствениот пат напред е преку мир и демократија, рече Пуџдемон и додаде дека на Каталонија ѝ било ускратено правото на самоопределување.

Ова е негов прв јавен говор по референдумот одржан на 1. октомври, кој што од шпанските власти беше прогласен за нелегален.

Слични содржини