Премиерот на Каталонија Карлес Пуџдемон повика на забрзување на процесот на излез на автономната област од составот на Шпанија, пренесе ТАСС.katalonija-mars

Пуџдемон оваа порака ја соопшти денеска во каталонскиот Парламент во Барселона.

Каталонскиот премиер жестоко ја искритикува одлуката поранешниот каталонски лидер Артур Мас да се изведе пред суд затоа што го организирал референдумот за независност, спроведен на 9 ноември 2014 година.

Тој, исто така, како огромен скандал ги нарече разговорите на шпанскиот в.д. министер за внатрешни работи, Хорхе Фернандес Диас, со шефот на одделот за борба со измами на Каталонија, Даниел де Алфонсо. Шпанските медиуми пред неколку дена објавија снимки од овие разговори, а во нив се слуша како соговорниците разговараат за собирање компромитирачки материјали за двете главни сепаратистички партии во Каталонија.

– Што можеме да направиме? Да излеземе од Шпанија колку што е можно порано, затоа што доколку останеме во составот на таква држава нема да издржиме долго, забележа Пуџдемон

Слични содржини