МВР Билтен:

На 16.07.2017 година во 00.20 часот во Тетово, пред угостителски објект лоциран  на ул.„Дервиш Цара“, И.А (40) од село Мала Речица испукал два куршуми, и го  повредил М.А (35) од село Гајре, Тетово нанесувајќи му прострелна рана на левата потколеница.  Од страна на СВР-Тетово излезено е на лице место и  од разговор со очевидци на настанот дознаено е дека вечерта во објектот имало организирано жива музика, и околу 00,20 часот во објектот женско лице почнало да крши чаши при што од страна на обезбедувањето на објектот биле преземени активности да ја  отстранат надвор од објектот. Во тој момент И. А станал од масата започнал расправија со обезбедувањето и физички ги нападнал , при што обезбедувањето го  отстранило  надвор од објектот. Во тој момент И.А паднал на асфалтна површина, извадил пиштол се доближил до обезбедувањето и испукал еден куршум во воздух.

Обезбедувањето се обиделе да го спречат во намерата но, тој испукал  уште еден куршум нанесувајќи му прострелна рана на левата потколеница на М.А. кој бил пренесен во Медицинскиот Центар во Тетово,  и по укажана лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Од страна на полициски службеници на лице место се пронајдени две чаури од испукани куршуми, и од И.А  е одземен пиштол модел „57 ТТ црвена застава“ калибар  7.62мм . И.А  е приведен во СВР-Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.07.2017 година околу 18,00 часот од Клинички Центар-Тетово било пријавено дека е донесено  повредено лице со прострелна рана од заталкан куршум од  огнено оружје во десно рамо. Имено, околу 16,00 часот во дворот на Т. И (50) во  с.Сараќино, додека П.З(60) од с.Сараќино, работела заедно со мајката на Т.И. во еден момент почувствувала болка во десното рамо, без претходно да слушне истрели од огнено оружје. На П.З  и е укажана лекарска помош и проектилот од огнено оружје кој е изваден од страна на докторoт, е обезбеден за вештачење. Увид извршила екипа од СВР-Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 15.07.2017 година околу 14. 30 часот во ПС-Крушево било пријавено дека помеѓу с.Локвени и с.Житоше -Крушево, од засега непознати причини  настанал пожар, при што била опожарено нискостеблеста дабова шума и  стрништа, во површина од околу четири до пет хектари.Во 18. 20 часот пожарот е изгаснат од страна на екипи од Против пожарната единица од  Крушево и од Јавното претпријатие  Липа-Крушево.

На 16.07.2017 година околу 01,00 часот во Скопје, на ул.„Ферид Бајрам“ спроти ОУ “Панајот Гиновски“ настанал пожар при што биле зафатени три трафики чии сопствениците не се познати и три возила и тоа:  товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, товарно моторно возило “Форд Транзит“ со  скопски регистарски ознаки, сопственост на лицето Д.С и патничко возило “Опел Корса“ со странски регистарски ознаки  сопственост на лицето Љ.С. Пожарот е локализиран,  а увид ќе се врши во текот на денов.

На 15.07.2017 година околу 13. 10 часот во Полициско одделение -Осломеј, А.О (43) од село Падалиште-Кичево пријавил дека во месноста викана „Бериковски камен“ атар на село Бериково-Кичево, пронашол човечко тело во распаѓање. Увид на лице место извршиле Основното Јавно Обвинителство и екипа од Полициската станица Кичево, по што по  наредба на Јавен обвинител телото е пренесено во Општата болница-Кичево, каде е извршена идентификација и било констатирано дека се работи за Р. Р (59) од село Долно Строгомиште, кој на 05.03. годинава бил пријавен за исчезнат. Телото е оставен во  Јавната здравствена установа -Општа болница-Кичево за обдукција.

На 15.07.2017 година во 22. 30 часот во Полициската станица во Охрид од страна на лекар од Медицинскиот Центар -Охрид, пријавено е дека во куќа на ул. “Гоце Делчев“ во Охрид, констатирана е смрт кај Ќ.Ф (62) од село Лабуништа-Струга. Истиот бил на гости кај Б.Б (51) каде му се слошило и паднал на подот. Увид е извршен од страна на увидна екипа при СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

На 15.07.2017 година околу 09.35 часот во Полициската станица во Струга, од Медицински Центар Струга било пријавено дека во Интерното одделение биле донесени: Е.Б од Холандија, М.Т  и А.А двете од Израел, кои биле сместени во хотелот “Изгрев“. Истите се пожалиле на труење од храна што ја конзумирале во хотелот. По укажаната лекарска помош, истите се пуштени на домашно лекување. Запознати се Јавен обвинител и Државен санитарен инспекторат.

На 15.07.2017 година околу 06.00 часот во Скопје на бул.„Јане  Сандански“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “Сузуки“ со скопски регистарски таблички управувано од А.К,  удрило во столб.  Од незгодата, со телесни повреди се здобил возачот А.К, а со тешка телесна повреда   (фрактура на подколеница) се здобил сопатникот И.К (35) од  Скопје. Истите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот Центар -Скопје, каде по укажаната лекарска помош, И.К е задржан на понатамошно лекување. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.

На 15.07.2017 година во 07,30 часот на регионалниот пат Тетово-село Пирок, во село Боговиње, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторо возило “Опел Астра“ со тетовски регистарски ознаки управувано од С. М (57) од село Камењане, излетало надвор од патот. Од незгодата со тешки телсно повреди се здобил возачот С.М. кој по укажаната лекарска помош во Клиничка Болница-Тетово, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот Центар -Скопје. По овластување на Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово.

На 15.07.2017година околу 15.00 часот на спојот од регионалниот пат Чашка-Лисиче, со земјен пат кој се наоѓа на околу 15 метри после мостот на река Тополка, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „АПН-6“ со велешки регистарски ознаки управуван од А.П (17) од Чашка и патничко моторно возило „Фолксваген Шаран“ со велешки регистарски ознаки  управувано од З.М (49) од село Долно Јаболчиште-Општина Чашка. Во незгодата со повреди се здобил возачот на мопедот, А.П  кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Јавната здраствена установа Велес-Хируршко одделение, каде од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е  задржан на лекување. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес, при што е констатирано дека двајцата возачи не поседувале важечки возачки дозволи, a поради технички причини не е извршено алкотестирање на истите. Возилата се упатени на технички преглед.

На 15.07.2017 година во 20,30 часот на Граничниот премин – Ќафасан, на влез во  Република Македонија  од страна на полициски службеници приведен е Ф. В. (33) од Кичево, кој што бил евидентиран со мерка „Лиши од слобода“ од 17.08.2016 година. Од извршените дополнителни проверки во евиденциите на Граничните премини констатирано е дека лицето треба да се спроведе до Казнено поправна установа -затвор Битола за издржување на казна затвор од  два месеци и два дена дена поради сторено кривично дело  по член 297 од Кривичниот законик на Република Македонија. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Струга кои го спровеле лицето до КПУ-Затвор Битола.

 

Слични содржини