Пукање во банка во Цирих, има жртви!

од desk4

За престрелката соопштува полицијата во Цирих. Две лица се застрелани пред банката. На местото на настанот е полицијата, пишува dailymail.co.uk. Пукањето се случило во близина на главната железничка станица во главниот град на Швајцарија.

Полицијата се уште не дава детали, но од таму велат дека ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за минувачите.

Истрелите биле околу 14:30 по локално време. Сведоците известија дека слушнале најмалку пет или шест истрели. Една од жртвите починала на самото место, а другата на пат кон болница.

Од полицијата велат дека нема опасност за населението и најверојатно се работи за престрелка помеѓу двете лица што се жртви.

Слични содржини