Пукање во Белгија: Возач се обиде да прегази полицајци

од Vladimir Zorba

Белгиски полицајци отворија оган врз патничко возило, кој се обидел да ги прегази.
Според податоците на локалните медиуми, полицијата во белгиското предградие Моленбек, прочуено како “гнездо на џихадисти”, се обиделе да запрат возач на мерцедес.

Тој, сепак, одби да ги следи наредбите, ја притиснал „папучата за гас„ и се втирнал со возилото кон полицајците.

Вниманието на полицајците било привлечено од регистарскиот број на автомобилот, кој најверојатно бил украден, бидејќи не одговарал на типот на возилото. Униформирани отвориле оган врз автомобилот. Сепак возачот успеал да се скрие и во моментов се трага по него.

Слични содржини