Почетна / Актуелно / Пукање во центарот на Париз, убиен е полицаец

Пукање во центарот на Париз, убиен е полицаец

Непознати лица вечерва пукаа против полицајци во центарот на Париз . Еден полицаец е загина , а друг е ранет, соопшти BBC.Инцидентот се случил на “Шанз Елизе”.Напаѓачот е убиен, а француската полиција трага по можни соучесници. Мотивите за нападот не се познати

Во некои француски медиуми се појавија публикации, дека е убиен и еден од напаѓачите. Тие биле најмалку двајца, едниот од нив е пукал со автоматот “Калашников”.

Веројатно станува збор за грабеж , но полицијата не исклучува верзијата за терористички акт.

Париската полиција го замоли граѓаните да избегнуваат реонот на “Шанз Елизе”. Булевар е затворен.

 

Според извештаите, најверојатно се работи за еден напаѓач вооружен со автоматско оружје, иако има информации и дека се трага по уште еден соучесник во нападот.
„Првично делуво дека полицајците биле намерна цел“, изјави портпаролот на француското министерство за внатрешни работи Пјер-Анри Бранде.

Напаѓачот кој отворил оган кон полицајците е убиен, тврди агенцијата Ројтерс. На снимките на социјалните мрежи може да се забележи големо полициско присуство на најпознатиот париски булевар, а хеликоптери го надлетуваат градот.

Потсетуваме дека , во неделата во Франција ќе се одржува првиот круг од претседателските избори.