Пуштен во продажба првиот летечки автомобил во светот

од Vladimir Zorba

За 400 000 долари најверојатно ќе можете да си купите моќен и елегантен “Ролс Ројс”. А, може и да изберете нешто што не е толку сјајно, но пак дефинитивно удира по функционалност – летечки автомобил.

Холандската компанија PAL-V веќе прифаќа нарачки за првиот во светот комерцијален летечки автомобил – “Либерти”.

Од компанијата уверуваат дека автомобилите “Либерти” се целосно усогласени со барањата за безбедност, идентификувани од страна на светските раководни органи, и дека испораките ќе им започнат до крајот на 2018 година. Првите 90 броја се дизајнирани како “пионерски изданија”, издвоени со посебни надворешни и внатрешни придобивки и детали. За персонализација и дополнителните стандардни функции како моќ на греење, купувачите ќе мора да платат малку повеќе – 599 000 долари. По нив PAL-V ќе почне продажба и на стандардниот модел, познат како “Либерти спорт”, за малку скромна сума од 399 000 долари. “PAL-V намерно избраа да развијат, дизајнираат и изградат летечки автомобил со докажана технологија и во целосна согласност со важечките прописи”, објавија денеска од компанијата пред медиумите и изразија очекување дека Северна Америка ќе биде најголемиот пазар за иноваторството.

И макар и PAL-V да е првата компанија која го достави летачкиот автомобил на пазарот, таа не е единствената која е во играта. “Ербас” е уште еден потенцијален играч и дури ветува до крајот на годинава дека ќе го покаже прототипот пред светот.

 

Слични содржини