Пуштени во продажба билетите за дуелот Вардар – Копенхаген

од desk2

Билетите за натпреварот од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони меѓу македонскиот првак Вардар и данскиот Копенхаген од денеска се пуштени во продажба.

Управата на Вардар реши, билетите за овој меч да се продаваат по цена од 300 денари.

Вардарци добија можност овој меч да го играат на Националната Арена „Филип Втори“, а согласно препораката на УЕФА и договорот на двата тима првиот натпревр ќе се игра во Скопје во вторник (25 јули), додека реваншот во Копенхаген е на 2 август.

Билетите ќе се продаваат преку интернер страната на „ticketplus.mk“, и на вообичаената продажна мрежа како и досега.

Според објавеното на „ticketplus.mk“ ќе се продаваат воезници само за дел од Јужната (блок 1,2,3,4 и 5) и Западната трибина (блок 29 и 30).

Ваквата одлука се должи на тековните работи на останатите две трибини (Северна и Источна) кои се подготуваат за претстојниот дуелот од УЕФА Суперкупот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кој ќе се игра на 8 август, па затоа тие две трибини ќе останат затворени за мечот меѓу Вардар и Копенхаген. Натпреварот меѓу Вардар и Копенхаген во фторник ќе започне во терминот од 20 часот.

Слични содржини