Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе престојува во посета на Грција. Пред посетата тој за грчкиот весник „Катимерини“ оцени дека Грција денес е важен партнер на Русија во Европа. путинко

Тој потсети дека во февруари во Рим директорите на „Газпром“, на италијанската „Едисон“ и на грчката „ДЕПА“ потпишале меморандум за разбирање за пренос на руски природен гас преку Црното Море и трети земји до Грција и Италија. Путин вчера во Москва разговараше со српскиот премиер Александар Вучиќ.A23D1CDF-1CE4-4BF0-AF2B-ACBCC70C3B89_w987_r1_s

“Пред односите меѓу Русија и Европа не постојат нерешливите проблеми”, вели  пред посетата Владимир Путин. Според него, за да има повторно мултилатерално партнерство, треба да има заемно почитување на интересите и ставовите на другиот. Москва поаѓа од потребата да се воспостави дијалог во духот на еднаквост и партнерство со ЕУ за широк спектар прашања – од визната либерализација до формирање на енергетска унија. Сеуште не гледаме во нашите европски партнери подготвеност да тргнат по тој пат, смета рускиот претседател. Важен елемент во таа насока се и многуаспектните руско-грчки односи, пишува рускиот претседател, и го нагласува особено значењето на енергетскиот сектор. Путин изрази убеденост дека пријателските односи со Грција претставуваат стабилна база за ветувачко идно партнерство. “Се надевам дека ќе го засилиме понатамошниот дијалог и ќе ги реализираме заедно нашите планови”, пишува рускиот претседател за “Катимерини”.

Слични содржини