Путин е реизбран за шеф на државата

од Vladimir Zorba

  Владимир Путин е реизбран убедливо за нов шестгодишен мандат на изборите за претседател на Русија, објави рускиот Центар за јавно мислење (VTsiOM). Податоците се врз база на излезноста, јави АФП.

Според Центарот, Путин добил 73,9 отсто од гласовите, според податоци од 1.200 избирачки места во Русија.

На второ место е кандидатот на комунистите Павел Грундин со 11,2 отсто гласови.

Центарот наведува во соопштение дека преку 37 отсто од оние кои гласале одбиле да кажат за кого го дале гласот.

По преброени 21,3 отсто од гласачките ливчиња, Путин води со 71,97 отсто, соопшти ЦИК. Според податоци на Централната изборна комисија од 18 часат по локално време избирачката активност била 59,97 отсто. Тоа е два часа пред затворањето на избирачките места во западна Русија 

Слични содржини