Рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас во телефонски разговор го потврдија интересот за натамошно зајакнување на соработката во сите сфери, вклучувајќи ја и областа на енергетиката, соопшти прес-службата на Кремљ.

aleksis-cipras-1337041321-162046

Рускиот претседател го поздрави лидерот на партијата на СИРИЗА за неговата победа на парламентарните избори во Грција и неговото стапување на должноста премиер.

– Владимир Путин и Алексис Ципрас дадоа висока оценка за руско-грчката соработка и го потврдија интересот за натамошно зајакнување на соработката во сите сфери, вклучувајќи ја и енергетиката, нагласи прес-службата на Кремљ.

Слични содржини