Путин му ја честиташе победата на Доналд Трамп и изрази уверување за соработка

од Vladimir Zorba

20151217-amwjjxazoz

Шефот на Руската Федерација Владимир Путин, на републиканецот Доналд Трамп  му ја честита победата на претседателските избори во САД, пренесува TACC. Путин испратил поздравна телеграма до Трамп и му посакал успеси “во така одговорна активност на шеф на држава”, соопшти прес-службата на Кремљ.
Путин изрази уверување дека дијалогот меѓу Москва и Вашингтон, базиран на принципите на рамноправност и взаемна почит, ќе одговара на интересите на двете страни, се вели во официјалното соопштение објавено од Кремљ.

Слични содржини