Путин набљудуваше воена вежба на 100 км од ЕУ

од desk2

„Запад 2017“ е голема воена акција која во моментов ја спроведуваат армиите на Руската федерација и Белорусија на околу 100 км од границата со Европската унија, односно со Естонија.


Вежбата почна на 14 септември и се наоѓа во завршна фаза, Во неа учествуваат 13.000 војници, иако западните медиуми сметаат дека најмалку има 60.000 војници. Сепак, тој број не е возможно да се потврди.

Сценариото на вежбата е симптоматично – фиктивниот белоруски регион Вишнорија прогласува независност со помош на бунтовниците и НАТО при што Белорусија и Русија одговараат со сила.

Денешниот тек на вежбата го набљудуваше и рускиот претседател Владимир Путин.

Вежбата „Запад 2017“ е инспирирана од вежбата која се одвивала за време на Студената војна, а во режија на државите од Варшавскиот пакт траела дури четири години.

Истокот на Европа последните години стана упориште на низа воени вежби на НАТО и Руската Федерација, речиси по правило што е можно поблизу до пограничните појаси.

Слични содржини