Путин не ги сака Донецк или Луганска, ја сака цела Украина

од desk3

Русија сака да ја направи Украина дел од “руската империја” и да ја дестабилизира ситуацијата во целиот свет. Ова го изјави во интервју за телевизијата CNN претседателот на Украина Петро Порошенко.

0000313507-article2

“Целта на Путин е да се обиде да ја дестабилизира ситуацијата во Украина. На нив не им се потребни Донецк и Луганск. Тие сакаат цела Украина да е дел од руската империја. Тие сакаат да ја дестабилизираат ситуацијата со безбедноста во целиот свет”, рече Порошенко.

“Ова е сосема иста ситуација како во Алепо. Тие имаат само една цел – современиот свет треба да биде помалку стабилен, помалку сигурен”, рече тој.

Украинскиот претседател истакна дека за последните две недели во Донбас, при бомбардирањето од страна на проруските борци загинале 13 украински војници,а 91 биле повредени.

Слични содржини