Рускиот план за политичка транзиција на Сирија нема да биде главна точка на преговорите на таа тема во сабота во Виена, оцени британскиот претставник на ОН.

Vladimir Putin

Русија подготви план во осум тоќки во кој повикува на процес на сутавни реформи во Сирија после што би се одржале избори.

-„Запознаени сме со руските предлози. Самиот план со осум точки не е во средиштето на преговорите во Виена, но Русија е“, рече Мерју Рикрофт.

И други западни земји го одбија рускиот план изнесен пред ското две недели, бидејќи не дал јасен одговор за судбината на сиријскиот претседател Башар ал Асад.

Еден дипломат во ОН изјави дека предлогот е составен на брзина.

Дваесет земји и меѓународни организации во сабота треба да се состанат во Виена за да се обидат да се договорат за политичката транзиција во Сирија и да постигнат примирје меѓу режимот во Дамаск и различните групи од опозицијата.

Рускиот план е дел од документот наречен „Пристап во решавање на сиријската криза“ во кој се предлага основање на уставен суд во кој ќе влезат претставници на опозицијата од земјата и странство.

Во текстот се додава дека сиријскиот претседател нема да претседава со уставниот суд.

Слични содржини