Путин откри колку точно Асад има влијание врз сириската армија!

од desk4

Речиси 98 отсто од територијата на Сирија е под контрола на владините трупи, а борците на терористичкиот отпор брзо се намалуваат. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот во Сочи со чешкиот претседател Милош Земан, објави ТАСС.

Путин рече дека овие успеси биле постигнати под ударот на руските воздухопловни сили и сириските сојузници. Земан вчера во разговорите со Путин го спомена и Башар ал Асад, кого го нарече демократски избран претседател на Сирија. Вие победивте во Сирија. Асад владее практично на целата територија на Сирија, со исклучок на некои мали делови , рече на руски јазик чешкиот гостин.

Путин вети дека детално ќе го информира Земан за преговорите со Асад. Русија се вклучи во сирискиот конфликт на инсистирање на режимот на Башар Асад. Земјата е во граѓанска војна од 2011 година.

Слични содржини