Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека актуелното раководство на Турција намерна ја поддржува исламизацијата на својата земја.

путин авион

“Проблемот не е во трагедијата, со која се соочивме вчера (соборувањето на рускиот авион Су-24 од турски борбен авион ), Проблемот е многу подлабок. Ние гледаме – и не толку ние, ве уверувам, тоа се гледа од целиот свет, како актуелното раководство на Турција во текот на значителен број години спроведува доволно намерна внатрешна политика за одржувањето на исламизацијата на својата држава “, рече рускиот претседател.

Тој ја потврди и веста дека вториот руски пилот на соборениот авион е спасен. Претседателот исто така изјави дека тој, како и “другите учесници во спасувачката операција, ќе бидат наградени со државни почести”.

Меркел: Мораме да сториме сé за да избегнеме ескалација Русија-Турција

Другиот пилот на авионот, кој беше убиен од сириски бунтовници, ќе добие највисокото руско државно признание за манифестирана храброст – Херој на Руската Федерација, додаде Путин.

Шефот на државата, исто така ја поддржа препораката на Министерството за надворешни работи во Москва за руски граѓани да не посетуваат Турција.

“По слични трагични настани како уништувањето на наш авион и смртта на наш пилот, тоа е неопходна мерка”, рече тој во телевизиско обраќање.

Слични содржини