Путин прогласи пораз на ИД на двете страни на реката Еуфрат во Сирија

од desk4

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Исламска држава целосно е поразена од двете страни на реката Еуфрат во Сирија.

Пред два часа министерот за одбрана (Сергеј Шојгу) ме информира дека операциите на источниот и на западниот брег на Еуфрат завршиле со целосна разбивање на терористите, изјави за новинарите шефот на руската држава.

Се разбира, на места сè уште може да има одделни огништа на отпор, но генерално борбената работа во оваа фаза и на оваа територија заврши. Заврши, повторувам, со победа и целосно разбивање на терористите, истакна Путин.

Претседателот рече дека отсега па натаму учесници во регулирањето на ситуацијата во Сирија, е сириската влада, земјите во регионот и ОН, кои треба заедно да поминат во следната фаза.

Тоа ќе е политички процес, почеток на политичкиот процес, создавање и спроведување-како што се договоривме на тристраната средба во Сочи, претседателите на Русија, Иран и Турција – на Конгрес на народите на Сирија“, рече Путин.

Потоа, додаде тој, мора да се разработи нов устав, а потоа, во зависност од напредокот на процесот, и на претседателските и на парламентарните избори.

Слични содржини