Ќерките на рускиот претседател Владимир Путин работат во областите кои ги избрале, и се занимаваат со “многу благородна и потребна на луѓето” дејност. Тоа го вели самиот претседател на Руската Федерација во интервју за агенцијата Блумберг.

president-vladimir-putin-and-his-wife-lyudmila
На прашањето дали би сакал да ги вида ќерките во политиката, Путин одговара дека не се смета во позиција да бара нешто од нив.
Колку што знам, тие веќе избрале, се занимаваат со наука и со благородни и потребни на луѓето активности. Задоволен сум од својата работа и тоа многу ме радува, раскажува рускиот претседател.

Путин и неговата поранешна сопруга Људмила имаат две ќерки: Марија – родена во 1985 година и Катерина – родена во 1986-та. во ноември 2014 година Владимир Путин изјави дека се гледа со ќерките еднаш или два пати месечно дома и дека двете живеат во Москва, потсетува руската новинска агенција Рамблер.

Слични содржини