Путин се капе во еленска крв за зголемување на сексуалната моќ

од Vladimir Zorba

Древната традиција се перцепира како испровоцирани од тестостерон еликсир кој го подобрува здравјето и потентноста на мажот

Рускиот претседател Владимир Путин се капе во крв, извлечена од отсечените рогови на каспискиот елен (нарекуван уште Мара), во желба да гои зајакне здравје пишуваат руските медиуми, цитирани од “Дејли Меил”

Древната традиција се перцепира како начин тестостеронот да биде еликсир кој го подобрува здравјето и потентноста на мажот. Се тврди дека рускиот претседател зема таква купка неколку пати во годината.

Активистите за заштита на животните го осудија “варварскиот” ритуал, при кој роговите на елените се сечат без анестезија, за да се извлече крвта која се вари и се прави во вид на густ супа, во која подоцна се капат важни фаци.

64-годишниот руски претседател уште пред 10 година побарал купки со крв од Мара и оттогаш ги практикувал редовно. Премиерот Дмитриј Медведев исто така бил запален по крвавите купки.
Во 2015 година Путин бил поканет на “крвопролевачкиот ритуал” од страна на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.
Минатата година пред посетата на Путин во Алтај бил отсечени за гостинот 70 кг еленски рогови, тврди денеска на англиското издание на. “Сајбириан тајмс” (The Siberian Times).
Aлтајска компанија која ја извезува Мара во Кина за лековити цели. Таа го рекламира екстрактот како “моќен тоник, кој ги зајакнува коските, мускулите, забите, видот и слухот, лекува пневмонија, астма, остеопороза, артритис. Во Русија роговите на Мара се познати како “златни”.

Слични содржини