Путин се вооружува со злато

од Vladimir Zorba

Од ноември Путин ја зголеми  државната каса со 72 т. злато

Антипатија на Владимир Путин кон Хилари Клинтон е позната. Небаре рускиот претседател се вклучил во САД во предизборна борба за да му наштети на кандидатот на демократите и да му помогне на Доналд Трамп да ја преземе функцијата. Само што изгледа дека Путин и Трамп немаат никаква доверба. За тоа барем сведочат последните економски показатели на Москва. Според овие податоци руската емисиона банка во февруари го зголеми златниот фонд со уште 9,3 т. Сега резерви е над 1650 тони – такви  никогаш не биле од времињата на Советскиот Сојуз. Од оваа набавка може да биде направен само еден заклучок. Кремљ сака да  ја скрши економската супериорност на Америка и Европа. За разлика од долари или еврото, златото е валута без држава. Кај него ниту една влада нема право на глас, еве зошто благородни метали така со задоволство се користи од авторитарни владетели.

Многу експерти се прашуваат  нема ли Путин и по победата на Трамп на изборите да ја намали својата економска зависност од Америка. Последните податоци не оставаат сомнеж во тоа – од ноември Путин ја дополни  државната каса злато со 72 т. “Путин купува злато, бидејќи тој се потпира на тоа дека во долгорочна перспектива довербата кон долари ќе опаѓа или дека доларот ќе биде користен како оружје против Русија “, вели политичкиот советник и автор на книги Џејмс Рикардс. Според неговите зборови златото е идеално инвестиција, за да се заштитиш од такви настани. “Путин не е емотивен. Во однос на Трамп кај него станува збор само за власт и за неговите интереси, како и за интересите на земјата”, вели Рикардс.

“Чувствата немаат ништо со тоа.” Русија се одделува од САД Всушност во изминатата деценија Кремљ тивко, но намерно ги зголемуваше своите златни резерви. Програмата за купувања започна за време на претседателствувањето на Џорџ Буш во текот на годините 2007-2008 и продолжи во текот на ерата на Барак Обама од 2009 до 2017 година Сега во Белата куќа е Доналд Трамп и нема никакви знаци дека Кремљ ќе ги прекине своите купувања на злато. Ниту финансиската криза од 2008 година, ниту турбулентната ситуација со нафтата и рубљата во минатите години не можеа да го држат Путин од продолжување на спроведувањето на неговиот план. За одбележување е дека по почетокот на кризата во Украина купувања повторно нагло се зголемија.

“Станува збор не за идеологија, станува збор за стратешки план”, вели политичкиот советник Рикардс. Замислата за сето ова може да биде препознаен, исто така, бидејќи Москва паралелно со набавките на злато силно ги скрати своите резерви од американски државни обврзници.

Од 2014 година Путин се ослободи од US-Treasuries, како што го нарекуваат на пазарите американските државни обврзници, за над 60 милијарди. Долари, што се гледа од информации на агенција Блумберг.

Сега во Русија има американски обврзници само за 86 милијарди долари, речиси 100 милијарди помалку отколку што беше во најдобрите времиња. Ако некогаш Кремљ е припадник на најголемите кредитори на САД, сега Москва веќе не спаѓа дури кон десетици најголеми доверители на Америка. Дури Ирска, Швајцарија или Бразил и дадоа на Америка повеќе пари отколку Русија. Во таа смисла Путин се оддалечил уште повеќе од САД. Бидејќи за време на нестабилни банкарски салда и геополитички турбуленции слаб е оној кој дели кредити, а не оној кој ги добива парите.

Столбови на власта се префрлаат кон истокот Златото е и еден вид осигурување за Путин. Овој метал е признат во целиот свет и неговото количество не може да се зголемува бескрајно. Земјите кои купуваат злато, од една страна губат дел од обединувањето, а златото  ве брани од  пикови и паѓања на девизните пазари. Купување на злато покажува каква политика на власта во суштина гтера  Путин.

Зошто оној кој верува во помирување и мир, ќе јги  зголемува своите резерви од валута за кризи? И други земји загубија доверба во долари и политиката на САД и ја бараат својата независност во златото. Кина исто ги  намали значително резервите од американски државни обврзници и ги зголеми резервите од благородни метали. Пекинг со неговите 1842 т. е  на шестото место во светот по резерви на злато. Дел од златото е стекната за сметка на продажба на државни обврзници на САД. Од 2014 година Комунистичката партија се раздели со US-Treasuries за 300 милијарди долари и доби  775 т злато. Агрегатната Русија и Кина поседуваат 3500 т. Злато – со 1500 т  повеќе отколку во 2013 година Двете страни се разделија со државни обврзници за 400 милијарди долари. Од финансиска гледна точка тоа не е ништо друго, освен поместување на столбови на власта од Америка во насока на Исток. Дури поранешниот шеф на Федералните резерви на САД, Алан Гринспан кој ја коментира неодамнешната  ситуацијата  вели : “Златото претставува безусловно осигурителна политика”, рече тој за списанието “Голдинвестер”.

——-

Холгер Цшепич “Велт”.

Слични содржини