Путин в понеделник доаѓа во Анкара на нова средба со Ердоган

од desk4

Рускиот претседател Владимир Путин в понеделник ќе допатува во главниот град на Турција, Анкара на средба со шефот на турската држава Реџеп Тајип Ердоган, јавија денеска турските медиуми.

Главна тема на средбата меѓу двајцата претседатели ќе биде новонастанатата ситуација по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, што предизвика незадоволство и протести во арапските и муслиманските држави.

Според најавите, на средбата Ердоган и Путин ќе разменат мислења и за ситуацијата во Сирија, како и за билатералните односи меѓу Турција и Русија.

Слични содржини