Работилница со Мајкл Ондер на „Скопје филм Фестивал“

од Vladimir Zorba

Утре во рамките на  „Скопје филм фестивал“ ќе биде одржана работилница со режисерот Мајкл Ондер. Фокусот на предавањето ќе биде во насока на правење нискобуџетни филмови. Ондер е режисер на филмот „Таксим Холдем“.

Ова е добра шанса за сите филмаџии и филмофили кои професионално и аматерски се занимаат со филм, да споделат искуства и дознаат алатки за работа. Работилницата ќе започне во 12 часот, во Кинотека на Македонија.

Слични содржини