„Работиме за плата“ – штрајк во МПМ

од desk2
„Нема плата, нема мир“ – новинарите од трите весници на Медиа Принт Македонија го продолжуваат штрајкот. Тие денеска го радикализираа бојкотот на работното време со свирежи и транспаренти.
„Работиме за плата“, „Потпис не ви ставаме“, „Кај ви е пикадото“, се дел од пораките кои новинарите на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ што ги упатија до менаџментот.
Медиумските работници штрајкуваат поради неисплатените плати и придонеси. компанијата се уште им должи исплати на дописниците, а јануарската плата ја немаат добиено иако бараа таа да биде исплатена најдоцна до 15 месецов. Менаџментот на МПМ не се произнесе за штрајкот на дел од новинарите, ниту пак прифаќа да преговара со нив.

Слични содржини