Работнички и Брегалница за старт на деветото коло од ПФЛ

од Vladimir Zorba

timthumb-3

Со натпреварот меѓу Работнички и Брегалница Штип што се игра попладнево (почеток 15 часот) на стадионот „Ѓорче Петров“ ќе стартуваат дуелите од 9. коло од Првата фудбалска лига. Двете екипи во претходното коло загубија, домаќинот Работнички очекува победа, додека гостите од Штип се надеваат да останат непоразени.

Другите дуели од ова коло се играат утре од 15 часот, а двојките се: Силекс – Вардар, Шкендија – Пелистер, Македонија ЃП – Шкупи и Ренова – Победа.

Табела: Вардар 18 бодови, Шкендија 14, Пелистер 12, Работнички 12, Ренова 11, Силекс 10, Победа 8, Шкупи 6, Брегалница 6, Македонија ЃП 6.

Слични содржини